Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово ја прифати поканата од Амбасадата на Република Полска да биде дел од проектот „Полска полица-книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки“. Целта на проектот е популаризација на полската литература меѓу македонските читатели.
„Во таа насока вчера во посета на НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово беше амбасадорот Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Координатор на проектот е сопругата на амбасадарот г-ѓа Јоланта Гжелчик. Благодарност до Амбасадата на Република Полска за укажаната чест да бидеме дел од овој проект и за подарените книги“, информираат од Библиотеката „Кочо Рацин“.
Носител на проектот е Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје и истиот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.