Зборче ја продолжува својата обиколка. Секогаш прва асоцијација за следната дестинација на која одиме се јаболкото и гравчето – одиме во ТЕТОВО!
Книжарницата на тркала и овој пат ќе се обиде да донесе насмевки на вашите лица носејќи ги најактуелните наслови на „Антолог“ во градот на Кирил Пејчиновиќ и Тодор Скаловски.
Овој вторник, 4 јуни, од 10 до 20 часот ве очекуваме пред библиотеката „Кочо Рацин“ во градот на Шарената џамија!
Се гледаме, Тетовчани!
#создаденовоевропа #MEPD #madeineurope #CreativeEurope4Books #антологџии #антологџики