ЈКП Тетово информира дека поради дефекти и недостиг на вода, се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето. Прекинот во снабдувањето ќе биде повеќе од шест часа во рамки на 24 часа.
-Недостатокот на вода е резултат на дефект на филтрите од пречистителната станица на изворите во Лешница, кои што моментално се надвор од употреба. Принудени сме да превземеме рестриктивни мерки за водоснабдување според следниот распоред- временски интервал од 01:00 до 04:30 часот и во временски интервал од 12:30 до 15:30 часот. Бараме разбирање за оваа непријатна ситуација во овие ограничени временски периоди на водоснабдување, информираат од ЈКП Тетово.
Од ЈКП Тетово истакнуваат дека нивните работници работат на надминување на техничките проблеми.
ас