• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Уметникот Павле Кузманоски со изложба на најновите 20 дела пејзажи во пастел

18/11/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Академскиот сликар Павле Кузманоски од Тетово вчеравечер во Музејот на тетовски крај (Дом АРМ) ги претстави најновите неговите дела 20 пејзажи во пастел. За оваа изложба авторот, инаку на 84 години, на вчерашното свечено отворање рече дека бил на некој начин и предизвикан од сограѓаните кои го среќавале и го прашувале дали сè уште твори.

– Дали работиш уште, дали сликаш, дали црташ, ме прашуваа многумина кои ќе се сретнат. Тоа ми даде еден предизвик, зошто да зборуваат така и реков да направам една изложба за да покажам и докажам дека сè уште работам. Би споменал на една анегдота, за сликарот Жан Реноар, кој на над 90 години кога рацете не му држеле четка барал да му ги врзат четка за раце и сликал. Па сакав да направам нешто што е соодветно за моите желби, посочи Кузманоски.

Дваесетината пејзажи се претежно од Шар Планина, а меѓу нив и неколку за месноста Лешница. Воедно во изложбениот салон на Музејот изложена е сликата „Три невести-Сетолчанки“.

– Оваа слика беше изработена во 1975 година како скица за натпревар, но оставена во мојот подрум речиси 50 години во ролна. Кога ја видов дека е зачувана решив да се изложи, рече Кузманоски.

Академскиот сликар Павле Кузманоски е роден 1939 во Тетово. Во 1959 г. завршил школа за применета уметност – Скопје. Во 1966 г. дипломирал на Академијата за применети уметности – Белград. До сега приредил 50-тина самостојни ликовни изложби, а учествувал на преку 250 колективни ликовни изложби во земјата и во странство. Добитник на значајни награди за сликарство, меѓу кои последната е државна награда „11 Октомври“ за животно остварување во областа на културата, науката, уметноста и дејностите од јавен интерес во 2021 година.

ас

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Тројца тетовски графичари со заедничка изложба на 40 дела во Уметничката галерија

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
90%
1.32mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!