Во тетовско Вејце денес делегација од партијата Левица се поклони пред жртвата и оддаде почит на осумте припадници на Армијата и полицијата кои беа убиени на 28 април 2001 година.
Делегација ја предводеше потпретседателот Реџеп Исмаил, како и носителот на кандидатската листа во шеста изборна единица Игор Димески.
„Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, каде осум наши бранители го загубија својтот живот бранејќи ја Република Македонија. Исто така има и повредени од овој немил настан. Левица е тука да им оддаде почит на тие жртви, и на повредените“, изјави Игор Димески.
Андреја Јанков, члена на ЦК на Левица и модератор на сектор урбанизам го презентираше неговиот предлог за изградба на спомен обележје за убиените во Вејце.
„После 23 години од масакрот кај Вејце, сметаме дека е крајно време државата да им се оддолжи на оние кои дадоа сè, а им се врати со едно големо ништо. тука загинаа осум бранители на република македонија, а шесмина беа ранети. самите пилони на проектот ги симболизираат паднатите борци, додека полукалотите кои се наоѓаат помеѓу нив, се за нивните ранети другари. во внатрешната страна се појавуваат спомен плочи на сите бранители, а во самата средина наместо вечен оган, зошто се работи за погобја, односно своевидно повторно крштевање на браникот на државата, е поставена фонтана која шро претставува, кој што претставува своевиден баптистериум, кој што треба да симболизира дека иако времето сè уште тече, ние сè уште не сме ги заборавиле“, истакна Андреја Јанков.
Дел од делегацијата беа Дарко Ристов член на ЦК модератор на ИТ сектор, членови и активисти на Левица од Тетово, Гостивар, Брвеница како и бранителите од 2001 година
ас