• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Медицинска опрема вредна над 61 илјади евра донација од Турција за тетовската клиничка болница

09/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Клиничката болница во Тетово доби донација медицинска опрема во вредност од три милиони и 700 илјади денари од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Програмскиот координатор на ТИКА Халим Омер Согут денеска опремата ја предаде на раководството на болницата.

-ТИКА има спроведено околу 30 проекти во здравствениот сектор во различни градови од Северна Македонија. Со обезбедената медицинска опрема зголемен е капацитетот на Одделот за торакална хирургија која обезбедува услуги за Тетово и околните области. Се надеваме дека нашиот проект ќе придонесе за подобрување на здравствената инфраструктура на Северна Македонија, изјави Халим Омер Согут.

Одделот за торакална хирургија доби опрема која се состои од инфузиона пумпа, флексибилен бронхоскоп, подвижен апарат за ЕХО, инфузомат, перфузор, аспиратор за операциона сала, три мали аспиратори, два апарати за торакална дренажа.

-Во вакви услови и околности во општа економска криза, ова е мошне важен напор и од страна на турскиот народ и од страна на раководството на ТИКА да ни дадат ваков вид на поддршка во вид на опрема за нашата Клиничка болница.  Со овој чекор но и со поддршка на министеството за здравство се надеваме дека чекор по чекор ќе го подигнеме нивото на давање на здраствени услуги во нашата установа, изјави Амир Елези, директор на Клиничка болница Тетово.

И министерот за здравство Беким Сали истакна дека опремата е значајна инвестиција за зајакнување на одделот за торакална хирургија.

-Воедно значајна инвестиција за унапредување на здравствената услуга за пациентите во оваа болница која обезбедува услуги за над 150 илјади луѓе во северозападниот регион. Болницата во изминатиот период доби монитори за одделението за интензивна нега, нови апарати за ЕХО дијагностика, опрема за офтамологија и инициравме проширување на дејноста на болницата за вршење на специјалистичко-консултативна од областа на торакалната хирургија, изјави Беким Сали.

Во иднина Одделот за тораклна хирургија треба почне да функционира во нови простории на вториот кат од новиот Дијагностичко-ургетен центар во кругот на болницата.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава
Модуларна ковид болница по пожарот

Преку јавна набавка ќе се бира фирма да ги отстрани остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.