• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Мицкоски: Ќе плаќаме стотици милиони евра пенали со пари од народот поради договорот со Бехтел и Енка

22/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од тетовскиот регион истакна нови, како што тврди, проблематични делови од државниот договор со компанијата Бехтел и Енка за градење делови од автопатишта. Според него прифатени се многу работи во договорот, а штетите непотребно ќе се плаќаат со народни пари.

– Зошто прифатиле дивоградбите да се експроприраат по иста цена, како и легално изградените објекти и уште многу зошто во периодот којшто следи ќе покажуваме во јавноста зошто прифатиле грешките во проектот на изведувачот да ги плаќаат граѓаните, односно да се плаќаат преку јавното претпријатие за државни патишта, ќе треба да одговорат ако не сега, многу бргу со формирањето на новата влада на ВМРО ДПМНЕ пред истражните органи во обвинителството и на суд. Јас не сум нити обвинител, ниту судија, но знам дека многу ќе има простор да се занимаваме со оваа тема. Втора работа којашто вие ја споменавте, а тоа е дека овој историски проект јас повеќе би рекол дека е ова историски блам историска кражба на оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, изјави Христијан Мицкоски.

Тој се осврна и на темата околу ангажирањето на градежните компании за изградба на автопатишта, односно дека владејачката партија има различни изјави околу тоа колку домашни работници и компании ќе имаат можност да учествуваат во изградбата.

– Нели велеа дека бројот на работници ќе бил мнозински од Македонија, односно македонски работници ќе биле мнозинството итн., за да ние како ВМРО ДПМНЕ, потпретседателот Александар Николоски објави дијаграми во коишто се гледа дека и во самиот договор вклучен е бројот на работници од Македонија да биде не повеќе од 30 проценти. Иако СДСМ тврдеше дека тоа не е точно, самиот Ковачевски ја демантираше СДСМ велејќи да, тоа е точно, но пак бројот на компаниите коишто ќе бидат од Македонија, а коишто ќе учествуваат во проектот бил повеќе од 50 проценти, односно 51 процент, рече Мицкоски.

Тој продолжи со прашање зошто тогаш е потребен ваков договор и зошто не ги викнале македонските компани да ги градат автопатиштата.

– Имаме ние компании коишто се македонски коишто граделе автопатишта и во регионот и подалеку. Имаме такви компании, да не ги набројуваме, има многу зошто не ги викнале и под истите услови не им ги понудат на нив. Еве соберете ги сите компании во Македонија, еве ги условите, коишто им ги понудивме на Бехтел и Енка, ајде вие изградете и тогаш немаше да зборуваме за 51 процент 30, 70 туку ќе зборуваме за 100 проценти македонски компании коишто ќе учествуваа во изработката на овој како што вие рековте, а го споменува Ковачевски историски проект, така што тоа е уште една ноторна лага, рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали е прифатливо овој договор,да биде само споделен со пратениците со безбедносен сертификат Мицкоски рече дека треба да биде споделен со македонската јавност.

-Треба да биде споделен со вас медиумите. Па вие потоа да отворите една јавна дебата да можеме да зборуваме отворено очи во очи, еве ние отворивме најмалку десетина дилеми изминатиов период којшто се поврзани со овој договор за којшто сметаме дека се криминални. И дека се историски криминални, дури јас би рекол дека според влијанието коешто го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата, кога практично десетици, стотици илјади наши сограѓани останаа без работа. Кога СДСМ, дали во тоа време водечки или малцински партнер, како што е сега секогаш губи Македонија, се менуваат знамиња, се менуваат имиња се отвораат, се затвораат, устави се краде државата транзиција, ваков тип на договори. Ова мора да го знаеме затоа што многу скоро денес ќе имаме избори, порача Мицкоски.

Тој потсети дека договорот го добиле од свиркачи, како и дека имаше демант од амбасадата на САД дека нивната влада стои во договорот помеѓу двете договорни страни.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Музејската поставка „Ковчегот на љубовта“ дојде од Штип во Тетово – сведок за едно поинакво и можеби изминато време и хрватската народна традиција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!