• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски 

27/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жители на Тетово се собраа пред зградата на Основен суд во знак на поддршка на д-р Бобан Вучевски,еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница во кој животите ги загубија 14 луѓе во септември 2021 година. Граѓаните се собраа пред денешното продолжување на судскиот процес кој започна на 7 декември.

Дел од насобраните граѓани во изјави за медиумите истакнаа дека дошле да му дадат поддршка на докторот, сметајќи дека неправедно е обвинет. Според граѓаните за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за пожар.

-Јас не сум да се амнестираат виновници, но вистинските виновници не се кријат овде денеска во судот, тие треба да се најдат таму каде што се. Да се работи за лекарска грешка во ред, тука не се работи за лекарска грешка, за техничка грешка се работи за која треба да одговора некој друг, а тој друг се знае кој е, тоа се авторите на овие објекти што ги дигаат низ Македонија, изјави жител на Тетово.

-За време на кризата која демнееше над сите нас, тој го даде својот максимум и покажа како треба еден доктор да изгледа, човек кој се грижи за граѓаните. Обвинителтството да размисли за своите предлози, изјави друг жител на Тетово.

-Собрани сме за поддршка на д-р Вучевски, тој беше 24 часа достапен за време на корона кризата.Тој нема никаква вина, затоа што вината не е докторска, туку е техничка, рече жителка на градот.

За пожарот во модуларната болница покрај д-р Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Презентирани писмените докази на Обвинителството на судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.