Општина Тетово има доставено решение за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка, потврдија денес од МПЦ-ОА, Тетовско-гостиварска епархија по написите на медиумите на албански јазик. Ќе се користат правните можности, со оглед дека крстот е поставен на црковен имот и претставува урбана опрема и верско обележје, а не е објект.
-МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи, соопшти денес Тетовско-гостиварската епархија.
Седат Сулејмани, раководителот на општинскиот инспекторат на медиумите на албански јази, им изјави вчера дека има решение за отстранување на крстот.
-За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа, изјавил Сулејмани.
Градоначалникот Касами на 18 ноември информираше дека ќе има нов урбанистички план за Попова Шапка со предвидена легализација и на верски објекти.
-Во урбанистичкиот план се верските објекти црквата и џамијата и се надевам дека ќе се заврши во кој се верските објекти црквата и џамијата и се надевам дека ќе се заврши работата и околу легализирањето на верските објекти, рече тогаш Касами.
А.С