МТЕЛ во Германија – врвни ТВ содржини и разговори по поволни цени на едно место
Останувањето во контакт со блиските кои живеат и работат надвор од Македонија отсега може да биде поедноставно и поевтино.
Од неодамна, во Германија е присутна МТЕЛ Германија, членка на Телеком Србија групацијата, со што оваа компанија продолжи да се шири на европскиот пазар. Имајќи ја предвид, желбата на оние кои живеат и работат во Германија да ја одржуваат комуникација со своите роднини и пријатели во земјава, но и во останатите држави од поранешна Југославија, компанијата подготви пакети со телекомуникациски услуги кои одговараат токму на тие потреби.
Пакетите за мобилни телефони МТЕЛ содржат сè што ви е потребно. Тие вклучуваат и интернет и разговори, така што МТЕЛ #45 нуди 45GB за сурфање на мрежата во Германија, ЕУ, Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Швајцарија и Македонија, додека со пакетот „Олнет Флет“ корисниците добиваат неограничени разговори во Германија и кон МТЕЛ зоната. Додатокот „Роаминг Плус“, единствен на германскиот пазар, обезбедува уште 12 GB интернет сообраќај во Русија, Турција, Албанија, Израел, Египет и Индија. Ова, како и сите други тарифи во Германија, е заокружено со вклучената заштита од сајбер закани „МТЕЛ Нетпротект“, која на корисниците им обезбедува автоматска заштита од пристап до небезбедни веб-локации.
Обезбедувањето услуги во Германија и официјалното покривање на целиот регион, кој ги вклучува и Австрија и Швајцарија, носи и бројни придобивки за корисниците, како што е уникатната МТЕЛ зона. На овој начин, овозможен е роаминг во сите мрежи на членовите на групата, без дополнителни трошоци, како и неограничено јавување на сите мрежи на групацијата Телеком Србија во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Швајцарија, Германија и Австрија.
Поблиску до дома сигурно ќе се чувствувате и уживајќи во различните телевизиски содржини што ги нуди премиум ТВ пакетот МТЕЛ, особено ексклузивните драмски програми, домашните серии и филмови во кои се појавуваат најдобрите актери од Балканот во врвни домашни продукции или во соработка со водечки светски продукции, како што е „Амазон Прајм Видео“. Покрај програмите за игри и Видео клубот, пакетите на МТЕЛ содржат и одличен избор на омилени музички, спортски и информативни ТВ канали од поранешна Југославија.
Во наредниот период е предвидено отворање на дополнителни 30 експозитури во Германија, како дел од мрежата која веќе обезбедува услуги за повеќе од 200.000 корисници преку подружниците на МТЕЛ во Австрија и Швајцарија.
За повеќе информации за понудата на МТЕЛ Германија, посетете ја официјалната интернет-страница.
ПР објава