Соопштение на Министерството за внатрешни работи 5 јули 2024
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 20.03.2024 пријавениот, управувајќи работна машина-багер, оштетил електричен кабел, кој го користи Армијата на РСМ, односно касарната Еребино, која останала без електрично напојување и без вода.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.У.(62) од с.Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 14.12.2023 пријавениот до Одделот за управни работи Тетово доставил барање за замена на полска со македонска возачка дозвола, за која по извршена проверка преку Директоратот за конзуларни работи и меѓународно право при МНР е утврдено дека е фалсификувана.
На 04.07.2024 година во 10.55 на улица ,,Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле А.Д.(56) од Гостивар, а во 11.20 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар ја привеле и Х.С.(36) тетовско Седларево, поради питачење. По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(44) од с.Требош, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 07.04.2024 во близина на семејниот дом во с.Требош, пријавениот без повод и причина, физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди.