Општина Тетово во соработка со Територијалната противпожарна единица – Тетово на ден 20.05.2023 година (сабота), во 10:00 часот, во центарот на градот ќе го одбележи Националниот ден на пожарникарите во Република Северна Македонија. Оваа активност ќе ни даде можност подобро да ги препознаеме напорите што пожарникарите ги даваат за заштита и спасување на нашите животи и имоти, информираа од Општина Тетово