Полициски специјалци уапсија осомничени за дрога на наплатна рампа во Тетово. Спречен е спречен транспорт на околу 35 кг дрога, а приведени се двајца жители на Арачиново, К.А.(32), возач и сопатник О.А.(23).
При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 кг, со вредност од околу 100.000 евра.
-Против А.К., МВР подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како криумчарење на мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.
Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.