Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале “канабис сатива”. На таа локација се откриени околу 100 стебла-насади “канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.
-Пронајдениот “канабис” и повеќе други предмети се фотофокументирани и подигнати за вештачење. Тритте лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за “неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на денот тројцата бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.
А.С
photo credits https://alpacannabis.com/