Соопштение на СВР Тетово 19 февруари 2024 година
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (18 февруари) околу 21 часот и 30 минути на улица „107“ во Блок 82 во Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот Р.А. од тетовски Раковец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (18 февруари) околу 14 часот и 30 минути на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 24-годишниот Р.М. од Кичево. Тој бил баран со централна потерница со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Вчеравечер (18 ноември) околу 22 часот и 30 минути на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот тетовец С.А.. Тој, претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко. Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (18 февруари) околу 13 часот и 50 минути во тетовско Долно Палчиште ги привеле 29-годишната С.Ч, 35-годишниот Е.Ч и 33-годишниот А.А., сите од Република Албанија. Тие, пред тоа биле пријавени од 39-годишната А.М. од ова село дека во нејзината куќа се однесувале агресивно и се заканувале на членовите на нејзиното семејство поради нерасчистени односи со нејзиниот брат, кој е поранешен сопруг на С.Ч.. Се расчистува и документира случајот.