Соопштение на СВР Тетово 31 мај 2024
На 30.05.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово, Ф.А.(37) од Тетово пријавил дека на улица „ЈНА“ во Тетово, неговиот малолетен син бил нападнат од кучиња скитници и при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
На 31.05.2024 во Полициското одделение Теарце, А.А.(27) од тетовско Теарце пријавил дека во селото бил физички нападнат од Б.Ш. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.05.2024 во 23.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, патничко возило „хјундаи генезис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(34) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 30.05.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово, Ф.А.(37) од Тетово пријавил дека на улица „ЈНА“ во Тетово, неговиот малолетен син бил нападнат од кучиња скитници и при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
фотографија од читател