• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Националниот парк Шар Планина доби план за управување, ќе биде основа за надминување повеќе предизвици

31/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Националниот парк Шар Планина состави План за управување со заштитеното планинско подрачје во периодот од 2022 до 2031 година кој што оваа недела беше одобрен од Управниот одбор по добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој план дефинира повеќе аспекти кои, според вработените, ќе придонесат за развој на националниот парк за кои како установа ќе имаат и повеќе надлежности.

-Планот инаку произлегува од законот за заштита на природа и од законот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и во оваа фаза, за нас има тежина на законот затоа што ќе регулира, ќе ни помогне да регулираме и спроведуваме многу активности во иднина. Сите институции да бидат свесни дека со овој документ јавната установа национален парк Шар планина е потполно подготвена да ги преземе сите ингеренциии. Тие имаат обврска да побараат мислење од институцијата Национален парк. Значи, да се отвори пат, да се интервенира на канал, да се даде градежна дозвола. За секоја интервенција која што се однесува на територија на Шар планина, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Самиот план содржи табела на дозволени и забранети активности по зони, кој е објавен на интернет страницата на јавната установа. Ќе следат одредени ограничувања коишто се однесуваат на многу активности што се на сметка на природата, како што е двжењето на моторните возила, градењето, односно неможност за градење според зоната итн.

Еден од најголемите предизвиците во наредиот пролетен и летен период за вработените во паркот ќе биде спречувањето на палењето огнови на отворено на територија на паркот, нешто што во изминатиот период беше чест проблем поради појава на големи шумски пожари.

-Контролата и справувањето со пожарите е во ингеренции на националниот парк. Така да имаме голем предизвик. Се надеваме дека ќе се доекипираме со опрема.За да можеме да интервенираме соодветно и со одреден број на луѓе. Нормално тоа треба да е проследено и со кампања за подигање на свеста кај локалното население, да престане таа практика да се палат меѓите, да се чисти отпадот со палење, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководител во одделението за заштита на природата.

Чуварската служба на Паркот во заштитеното подрачје има надлежност во однос на пишување мандатни казни. За различни прекршоци, различни се казните и тоа е дефинирано според повеќе закони, како законот за шуми, законот за природа и други.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Полициска контрола за техничка исправност на возилата-казни од 45 до 250 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!