Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“ извршија увид на градежните активности реализирани во населеното место Брвеница. Градоначалникот Илиевски образложи дека за овие две години од мандатот вкупно инвестирани средства во сите места во општината, по сите основи се над 100 милиони денари или над милион и 600 илјади евра.
-Во цела општина имаме реконструирано скоро 10 километри улици со околу 25 милиони денари. Водоводната мрежа ја проширивме за 4 илјади метри, додека канализационата мрежа 3465 метри инвестиравме повеќе од 3 милиони денари. Го уредивме центарот во село Брвеница во вредност од 10 милиони денари, изградивме паркови, игротеки, оплеменивме многу простор за одмор и рекреација, организиравме спортски и културни настани, реновирање на цело основно училиште училници, училишни дворови, спортски терени, помагаме на ранливи категории на граѓани, се грижиме за безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, возниот парк го збогативме со автобус, нов багер, нов камион за отпад и нови камионети. Не прогласија за најтранспарентна општина во Полог. За мене е најважно рамномерен развој на сите населени места и унапредување на квалитетот на животот, а притоа се зачувува позитивниот биланс на општинската сметка и на правните субјекти основани од општината, истакна Илиевски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека градоначалникот исполнил 80% од ветеното во програмата, а му порача дека по завршување на преостанатите 20 % да не застане со проектите. Според Мицкоски, Иливески успеава и покрај тешките услови со кои што се соочува како градоначалникот поради игнорантскиот однос од страна на Владата кон општините каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сепак добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ чии што носечки стожарен проект ќе биде големо децентрализирање на буџетските средства за реализирање на капитални инвестиции во општините. И за таа намена според оние критериуми кои што ги имаме дефинирано во општина Брвеница ќе бидат инвестирани годишно до милион и 800 илјади евра. Или за еден четиригодишен мандат до 7 милиони и 200 илјади евра. Цениме дека на тој начин буквално сите населени места во општина Брвеница ќе ги имаат оние услови, пристојни услови за живот, за да можат луѓето да добијат подобар квалитет на својот живот. И цениме дека на тој начин ќе покажеме еден добар пример како треба да се развива Македонија рамномерно низ целата територија, а не само во оние општини каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од Владата. Туку идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Влада за сите граѓани, за сите општини без разлика дали градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник, посочи Мицкоски.
Градоначалникот најави три нови поголеми проекти. Реконструкција на улица „Дубрава“ во Брвеница со должина од 1.223 метри, улица во вредност од 7 милиони денари, улица од 1.252 метри Поречко мало во село Радионце во вредност од 11 милиони денари и реконструкција на улица со 820 метри во село Челопек во вредност од 6 милиони и 200 илјади денари.