Најава за корекции кај комуналните сметки-фикси износи за вода и канализација, собирање смет и понтаму по квадратура
Билал Касами:
Со оглед на поплаките на граѓаните во врска со наплатата на општинските услуги и бидејќи ние како раководство кое се обврза дека ќе бидеме транспарентни до крај, ја свикавме оваа прес-конференција за да ги расчистиме пропустите направени при обработката на податоците од компанијата Заубермахер, кои беа добиени од Агенцијата за катастар. Сите податоци ќе се обработат повторно, а цената за комуналните услуги ќе биде следна:
За шарпланинските села цената на отпадот ќе биде 340 денари, додека во Голема и Мала Речица, Порој, Џепчиште, Фалише и Сараќино цената ќе биде 540 денари.
Што се однесува до цената на водата за пиење и канализацијата, цената по куќа ќе биде 320 денари, додека за оние кои живеат во стан 230 денари.
За сите граѓани кои имаат повеќе од едно станбено живеалиште ќе плаќаат 50% од вселивиот простор и такса од 100 денари за вода и 100 денари за јавна чистота.
Оваа методологија ќе важи и за исселениците.
Исто така, за сите фактури за месец ФЕВРУАРИ ќе се избрише плаќањето на вода и канализација. Граѓаните ќе треба да платат само за отпад и јавна чистота. На тие што платиле ќе им се компензира со идните сметки.
И покрај тоа што нашите политички опоненти се обидуваат да прават политика со вакви случаи, сакам да ги информирам граѓаните дека Општина Тетово има најниска цена во државата, за услугите поврзани со отпад, вода и канализација. Ќе продолжиме да се грижиме за нашите граѓани.