Соопштение на СВР Тетово за евидентирани настани.
Денеска (1 ноември) во 5 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ засега непознати сторители со употреба на сила влегле во црквата „Свети Димитрија“ во Тетово, извршиле пребарување во внатрешноста, но не одзеле ништо. Извршен е увид и се расчистува случајот.
Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (31 октомври) околу 21 часот и 30 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица, кој еден час пред тоа бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (31 октомври) околу 22 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот Џ.Ж. од Република Косово, кој на први октомври годинава бил пријавен од В.М.(48) од Тетово дека на 18-ти септември на улица „29 Ноември“ во Тетово физички го нападнал неговиот син и потоа со возило се оддалечил од местото. Џ.Ж. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.