• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Натпревар за наградување фотографии на кои е прикажан македонскиот фолклор

22/01/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 1 февруари до 31 март ќе трае наградниот фотографски натпревар „Вики го сака фолклорот 2023“- прво македонско издание, организирано од здружението Споделено знаење. Македонското издание ќе биде во рамки на четвртото меѓународно издание на „Вики го сака фолклорот“, организирано од иницијативата Wiki Loves Folklore.

 

Македонскиот натпревар е со цел обезбедување слободни фотографии од фолклорот од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.

Има две категории на награди: месни (македонски) и меѓународни.

Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:

-Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
-Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
-Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра

-Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 300 евра

Најуспешните фотографии, според оценката на меѓународното стручно жири, ќе бидат наградени со ваучерски награди, доделувани од иницијативата Wiki Loves Folklore, и тоа:

-Прва награда за највисоко оценета фотографија – ваучер од 500 амер. долари
-Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – ваучер од 400 амер. долари
-Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – ваучер од 300 амер. долари

Утешни награди за останатите десет највисоко оценети фотографии – 10 ваучери од по 40 амер. Долари. Награда за најдобро видео и награда за најдобро аудио податотека – 2 ваучери од по 150 амер. Долари. Две награди за учесници со најмногу закачени фотографии – ваучер од 100 амер. долари (прво место) и ваучер од 50 амер. долари (второ место). Разгледници со Вики го сака фолклорот за најдобрите 100 закачувачи на фотографии

Повеќе за натпреварот на неговата главна страница

фотографија: Миомир Магдевски Wiki Loves Folklore

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Казнети 1728 лица поради возење без положен возачки испит или немање возачка дозвола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.