• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Нема кој да даде дозвола за сечење на дрвна маса во приватни имоти во Националниот парк Шар Планина

31/10/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Луѓето кои живеат во потшарпланинските села алармираат дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк била избрзана постапка со оглед на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието. Мештаните од селата Јеловјане и Урвич велат дека се меѓу најзасегнатите затоа што не можат да ги користат дрвата од своите приватни имоти, а кои се дел од националниот парк.

Проблемот е во тоа што наместо Национални шуми, сега Националниот парк како установа треба да им дозволи да сечат дрва за огрев, но новата институција нема вработени луѓе за таа намена.  Сега луѓето од овие места на уште малку време до зимата немаат обезбедено дрва за затоплување, нешто што ги правеле со децении наназад.

Џевдет Халими, претседател на месната заедница вели дека се обиделе да преговараат со двете институции и другите државни органи за некакво преодно решение но без успех.

-Проблемот е што национален парк, не знам од кои причини, не може да издаде дозвола, луѓето не може да сечат, погранична полиција, шумска полиција, постојано им прави проблеми и не можат да се сечат. Се обративме до директорот, до градоначалникот, не најдовме разбирање.  Затоа бараме помош бидејќи имаме стари луѓе, има деца, изнемоштени. Директорот вика нема буквално луѓе за на терен, од кои причини не знам. По мене мислам дека избрзале со прогласување на национален парк, затоа што околу Јеловјане 80 посто се приватни шуми и имот. Немало со нас никакви консулатации од страна на менаџерскиот тим на националниот парк. Трактори не доѓаат да носат дрва, затоа што нема кој да даде дозвола (извозница) да вози и да пренесе дрва.. Се обратив до погранична полиција. Ни рекоа без дозвола не смеете, кој ќе превземе таков чекор. Директно мене ми се заканија дека ќе ми поднесат кривична пријава ако ги понесеш луѓето на сеча на шума, вели Халими.

Истиот проблем е во Ново Село, Урвич, Раковец, Новаке, сите села од општината Боговиње кои гравитираат околу националниот парк.

-Како ќе го решиме проблемот не знам. Затоа упатувам молба до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, да дојдат да не посетат, да им укажеме кој какви проблеми имаме. Не знам како ќе тераме зимава, ова е Шара, утре може да заврне снег, може да има две метра снег. Без дрва луѓето не можат да преживеат, се затоплуваат. Луѓето кои овде седат се или пензионери или социјални случаи, немаат секој 100 евра да дадат за платен кубик дрва, а имаат свои дрва, свои плацеви во шумите од дедо од прадедо, истакнува Халими.

Сафет Фетаи од Урвич се соочил и со бизарна ситуација. Додека летово бил на привремена работа во странство неговите дрва ги нашол исечени од дрвокрадци. Сега вели дека не му дозволуваат ни остатоците да ги собере.

-Во моја шума лично не ми дозволуваат да берам дрва, а други дрвокрадци ми ги имаа исечено дрвата. Лично сопствена моја нива, а не ми даваат документ да ги носам барем тие што останале дрвата. Не знам кај да се обратам. Јас пет месеци сум бил на печалба во Турција, сега кога се вратив за зимаата, немам дрва огрев, нема како да се снабдам. Некои немаме пари да купиме дрва.  Имам површина од 1845 метри квадаратни парцела а околу 15 кубни метри ми се украдени дрва. Нешто има останато но не ми дозволуваат да ги носам. Не оди тракториста да ги товари. Ми бара извозница. А извозница никој не дава.Бев во шумска полиција, не ми даваат. Викат снајди се. Кај да се снајдам, прашува Сафет Фетаи.

Решението жителите на село Јеловјане го гледаат во тоа да се изнајде институција која ќе дозволи и ќе може да се постапи како што до оваа година што се постапувало, ни рече и Месут Фејзуловски.

-Шумско да издаде дозволи, ако националниот парк нема луѓе кои би го сработиле тоа. Би било пожелно шумското претријатие да издаде дозволи како што издаваше до прошлата година. Немавме проблеми уназад многу многу години, вели тој.

Директорот на Национален парк Шар Планина Ибрахим Дехари знае за проблемот и вели дека во скоро време ќе се надмине.  Како установа националниот парк се уште нема вработени. За оваа потреба-за да може да им се дозволи на мештаните да си ги користат приватните имоти со шуми и дрва, во постапка е вработувањето на шумарски инженер.

-Имаме отворено оглас да примиме шумарски инженер, се исполнети сите услови од Министерствата, од Финансии и другите ресорни министерства. Огласот е отворен, чим се затвори огласот верувам за една недела тоа ќе биде завршена постапка и ќе имаме лице кое ќе може да ги издава дозволите за сеча дрвата во шумите, изјави Дехари.

Луѓето за да ги користат дрвата од приватните имоти треба да имаат имотен лист на свое име и барањето за користење да го достават до седиштето на Националниот парк во просториите на поранешната жичарницата во Тетово. Потребно е да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која такса се плаќа од 280 денари по метар кубен, како и дозвола за транспорт на дрвата.

-Шумарскиот инженер на лице место треба да излезе со уредите, ќе види каква е состојбата. Ако исполнува услови сопственикот на имотот веднаш добива дозвола за сеча. Кога ќе ги заврши работите/дозволите за сечење, ќе најави потоа за друга дозвола, исто така ние ќе ја дадеме за да ги носи дрвата од местото кај што ќе се сече до местото- адресата до која сака да ги однесе дрвата. Ова важи за сите резидентите што живеат во паркот, но истото важи и за тие што не живеат во самиот парк, а живеат во Тетово, Скопје, било каде, што имаат лични имоти на Шар Планина, истакна Дехари.

Ако е поголемата површината на шумата, потребно е сопственикот да има елаборат за сеча, процедура која и до сега важела, но била спроведена од Национални шуми.  Доколку граѓанин има личен имот со дрвна маса во зоната за строга заштита, тогаш јавната установа и државата мора да обезбедат огревно дрво од друго место, а сопственикот да не ја сече шумата.

-Пак ќе биде на негово име, а ние ќе му обезбедиме она што го бара. Пример ако има 100 кубици а бара 15 да се сече, ќе му обезбедиме 15 кубни метри дрва маса. Така дрвјата ќе остантат во строго заштитено подрачје, објаснува Дехари.

Селата Јеловјане, Урвич, Ново Село, Раковец и Новаке се наоѓаат на падините на Шар Планина на околу 1200 метри надморска височина.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Трибина по повод месецот на борба против ракот на дојка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.