Командирот на тетовската противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, Авни Амети за видеото со кучето кое паѓа од зграда, за Тетово инфо, вели дека никој не го фрлил туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникари кои добиле повик да го изнесат од објектот кој е во градба.
Според Амети, пожарникарите биле повикани од инвеститорот со цел да го извадат кучето од зградата која е во градба, што било прифатено од ТППЕ како што постапувале во минатото кога отстранувале змии или спуштале мачки од високо.
„Кучето се качило до горе, до седми спрат, пожарникарите се труделе да го фатат и да го симнат долу. Нормално кучето се исплашило или нешто се случило и газдата бил тука. Воедно и на снимката не се гледа човек, туку се гледа кучето со глава, што според мене кажува дека сака да скокне, во смисла да се спаси. Бев во зградата, балконите не се доградени. Јас не верувам дека пожарникар може да направи такво нешто и да фрли куче од седмиот спрат од зградата. Ако има такво нешто, ако се докаже дека навистина пожарникар го фрлил, секако ќе се преземеме одговорност за таквиот случај. Не можеме да дозволиме ваков немил настан, да се случува во градот Тетово. Ги замолувам и газдите што градат објекти во Тетово, тие да бидат затворени за да немаме вакви случаи, да не се качуваат кучиња во нивните згради, па да одиме да интервенираме па после да излеземе криви, дека намерно сме ги фрлале кучињата од таму, изјави Авни Амети.
На видеото кое имаше илјадници споделувања се гледа како кучето паѓа од зградата во Тетово, а според коментарите на граѓаните по одреден период угинало од повредите. Случајот е пријавен од 58 годишник кој живеел во зграда од спротива.
„Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало.Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари”, се вели во информацијата од СВР Тетово.
Полицијата по пријавата ќе почне да го документира и испитува случајот.
ас