• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за здравство Беким Сали во Клиничка болница заедно со директорот Амир Елези информираат дека се пристигнати медицински апарати со вредноста 3,5 милиони евра.  Тетовската болница се опремува со овие апарати согласно голема набавка за 14 јавни здравствени установи чија вкупна вредност е 13,6 милиони евра.

-За Клиничка болница Тетово се обезбеди ангиограф, апарат за компјутерска томографија, мамограф со можност за биопсија, два рентген апарати, ехо дијагностика, како и два подвижни рентген апарати со дигитален детектор. Дел од апаратите се во фаза на инсталација,а некои веќе се инсталирани и подготвени за пуштање во употреба како апаратите за еходијагностика наменети за одделите урологија, гинекологија, педијатрија, радиологија, кардиологија и интерна медицина.

Исто така подготвени за употреба се подвижните рентген апарати на одделот за трауматологија и хируршките сали, како и новиот мамограф кој ќе служи за биопсија и ќе биде вклучен во скринингот за рано октривање на рак на дојка, информираше министерот Беким Сали.

Тој најави дека во текот на идната недела следи обука на кадарот за користење на овие апарати а потоа ќе бидат пуштени во употреба и достапни за услуга на пациентите

– Значајна новина е што ја реализиравме со Универзитетот во Тетово е давање на овластувања за 20 доктори и професори кои се ментори и едукатори за нов кадар за гинекологија, педијатрија, психијатрија, општа хирургија, семејна медицина, интерна медицина. Во следниот период продолжуваме со инвестиции за унапредување на здравствената заштита на сите нивоа, рече Сали.

Директорот на Клиничка болница Тетово, Амир Елези рече дека со министерот ги детектирале најслабите точки во институцијата и заедно да се нафатиле да обезбедат соодветна апаратура за услугите кои ги користат над 200 илјади луѓе од поширокиот полошки регион.

-Со детална анализа дојдовме до заклучок дека оваа апаратура ние е неопходна за да функционираме како клинички центар. Ќе бидат огромен зафат за нас, на општо задоволство на нашите лекари кои ќе се служат со оваа апаратура и на бенефит на сите пациенти кои што доаѓаат во нашата болница за услуги. Кога дојдовме да менаџирме со оваа болница и Министерството за здравство бевме во една фаза кога имаше огромен недостиг на апаратура и тие апарати што ги имавме беа застарени и требаше да се поделат на две амбуланти. Некоја амбуланта користеше предпладне некоја попладне со поделени термини. Сето тоа значеше голема огромна листа за чекање кај пациентите и работа на докторите со застарени апарати, истакна Амир Елези.

Клиничка болница Тетово
Клиничка болница Тетово 06.02.2023

Тој рече дека во болницата има реконструкција на амбулантите во Интерно одделение каде што ќе бидат дел од овие апарати.

-Нашите доктори ќе имаат реконструирани, реновирани амбуланти, нова апаратура и нашите пациенти ќе имаат огромна придобивка со тоа што ќе има повеќе слободни термини во најкраток можен рок ќе се детектираат болестите и ќе се оди на лекување на истите. Ние сме како Клиничка болница, во план за оваа година ние е реновирање и адаптација на паркинг просторот во нашата болница и заедно со ставање во функција на Ургетниот центар, и тоа оди во прилог, верувам дека ќе бидеме во тек со времето и со сите процедури кои се во регионот и со светот. Имаме одличен кадар од доктори и специјалисти, сега со новата опремата верувам дека ќе бидеме во можност да даваме квалитетни услуги, истакна директорот на Клиничка болница.

Доктор Асим Изаири од Одделението за уролошка хирургија посочи дека било потреба од поодамна за ултрасонограф кој како базична процедура ќе озвоможи да ги задоволи потребите на дијагностицирањето на уролошки заболувања.

-Поточно да се додаде и можност да се направи и биопсија на простата која исто така е болест која е многу присутна во нашиот регион, а воедно да ги задоволи потребите за дијагностицирање на калкулозата како ендемска болест во нашето подрачје, истакна д-р Изаири.

Медицинската опрема е набавена преку Светска банка.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.