Нова пријава за измама-дал пари за вработување во Германија
Соопштение на СВР Тетово 1 мај 2024
На 30.04.2024 година во 11.00 часот во СВР Тетово 36-годишен жител од тетовско село пријавил дека бил измамен од И.З. од Ресен за сума од 21.500 денари. Според пријавеното, тој преку социјална мрежа стапил во контакт со И.З., кој му се преставил како управител на правен субјект кој се занимава со посредување на документи за странство, со кого се договорил да му посредува за работна виза за работа во Р.Германија, поради што и ги уплатил парите. Откако видел дека работата не му била завршена, сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 30.04.2024 година во 17.40 часот полициски службеници од Полициско одделение Теарце го лишиле од слобода Б.И. (42) од тетовско Доброште, по пријава на С.З.(45) од истото село според која неговите две малолетни ќерки се пожалиле дека Б.И. ги следи и им дофрла недолични зборови. Тој е задржан во полициска станица каде, во врска со случајот, Б.И. пријавил дека бил физички нападнат од С.З.. Се работи на расчистување на случајот.
На 30.04.2024 година во 14.50 часот во Тетово, на ул.„Борис Кидрич”, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.Џ.(53) од тетовско Селце, кој се однесувал агресивно спрема нив додека вршеле службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2024 година во 23.00 часот во СВР Тетово, В.С.(35) од Тетово пријавил дека околу 22.00 часот во спортска обложувалница во Тетово бил физички нападнат И.Џ. од Тетово. Се преземат мерки за расчистување на случајот.