• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Новела „Разговори со Бен“ – најново дело на писателот Зоран Стојановски од Тетово

13/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Писателот и публицист Зоран Стојановски од Тетово ја објави новелата  „Разговори со Бен“, која деновиве ќе излезе од печат. Ова е негова втора книга во печатено издание, додека во електронска форма досега има објавено десет дела. Издавањето на новелата е дел од неговата интенција сето творештво создавано четири децении, да го претстави пред читателската публика како печатени изданија.

За новелата писателот Стојановски вели дека е една приказна која може да смени живот.

-Таа имаше два обида за самоубиство. Тој еднаш успеа да ја спаси. А еднаш само беспомошно ја гледаше како се исправа на тенкото железо од металната ограда на Лебедовиот остров, високо над Сена… И тече по Сена таа љубовна сага за Емили Делакроа и Бен Магдевски и по нејзините блескави  мостови, и по сите 12 најпознати Париски булевари, околу триумфалната капија и ви се чини дека сте таму, дека и Вие шетате по Шанзелизе, додека ја читате таа приказна во која сите  милиони пеперутки на Елисејските полиња треперат во стомакот на Бен.  За да може тој да лебди негде помеѓу Ајфеловата кула и Трокадеро квартот, но и за да тресне подлабоко од четвртото ниво под земја на кулата Монпарнас. Многу, многу подлабоко во бездната на депресијата и страшно како одлуката дека тој не треба да живее… А Вие можеби сепак ќе заклучите дека ова е приказна со среќен крај, открива авторот дел од содржината на новелата.

Стојановски е роден 1963 година, по професија  дипломиран психолог, форензичар, а кариерата ја поминува на сите можни позиции во секторот за ресоцијализација во Воспитно Поправниот Дом Тетово. Исто така е тренер во карате клуб „Басаи“ од Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

МВР објави меѓународна потерница за Беким Мемети од Тетово, затвореник за убиство, кој вчера побегна откако со пиштол рани полицаец

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!