• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Новиот водоснабдителен систем ретко во употреба поради честите заматувања на водата

27/11/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неделава повторно во Тетово се случи да биде во прекин снабдувањето со вода од новиот водоснабдителен систем поради заматувања на зафатите од Лешничка река.  Заматувањето речиси редовно се случува после интензивни врнежи од дожд кога речната вода се заматува, што е причина сензорите во пречистителната станица да го прекинат доводот во градската мрежа.  Оваа есен неколку пати ова се има случено, па Тетово се снабдува само со водата од стариот водоснабдителен систем.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија и хигиена во Центарот за јавно здравје Тетово вели дека има начин  да се надмине оваа состојба.  Потребно е водата да се кондиционира, односно прво да се спроведат одредени мерки – корекција на водата или прочистување пред да се пушти за користење. Такви можности се озонирање, филтрација со активен јаглен и користење таложник.

 

Мерен инструмент во пречистителната станица, ЈКП Тетово

-После секои обилни дождови настапува заматување на Лешничка река и настанува заматување на водата што доаѓа во филтер станицата. Може да се поправи оваа состојба, да се кондиционира со тоа што треба на сировата вода, во филтер станицата, да има таложник. Таложникот најдобро е да биде или без коагулација, или со коагулација. Таложникот би помогнал, знаеме дека имаме недостаток на вода и затоа се вклучува филтер станицата, односно површинската вода од Лешничката река. Со таков таложник ќе се пречисти водата дури и онаа промена на вкус и на мирис не само матнотијата. Тоа се прави со коагулација,коагуланти може да бидат натриум сулфат, фери-сулфат, феро-суфлат, бакарен сулфат и колоидите, изјави Давидовски.

Надминувањето на матноста со овој и другите можности зависи од финансиските капацитети на ЈКП Тетово, смета докторот. Тој вели дека редовно институциите на државно и на локално ниво се информирани за оваа можност.

-Наша законска обврска е секоја година да даваме извештај за состојабата со водоснабдувањето, како до Министерството за здравство, Институтот за здравство и до оштините. Четири години ги даваме предлог мерките, состојбата каква e, ги даваме овие предлог мерки.  Но навистина чини и комплетирање или надградба на техничките капацитети. Овие работи што ги кажав, се е поврзано со финансиска импликација. На граѓаните им препорачувам без разлика, кога ќе приметат дека е заматена водата, десет минути превривање, таложење, ставање во фрижидер и ви гарантирам дека таа е стерилна вода и може да се пие, истакна Давидовски.

Заматената вода не се пропушта во системот туку во природата. Напреден мониторинг не дозволува мешање на водата доколку се вклучат сензорите за матноста, уверува Давидовски.

 

д-р Ратко Давидовски

-Често се случува да има заматување на водата затоа што на дневно ниво има и два до три дефекти и дотраена е водоводната мрежа и плус разнородна е. Во план е нова водоводна мрежа, мора се промени состојбата затоа што во најдобри времиња на пролет максимални 600 литри вода во секунда е магистралниот цевковод што носи вода од Шар Планина, а апсорпционата моќ е 400 литри на градскиот водовод.  И на пролет кога се топи снегот, имаме 750, 600 можат да дојдат, само 420, имаме загуба од 180 литра. Тоа е еден град да се снабдува со вода, вели Давидовски.

За оптимално снабдување на Тетово со вода се потребни околу 300 литри вода во секунда. Најтешко е во зимски услови кога стариот водоснабдителен систем што зема вода од извори на Шар Планина има доток помал од 300 литри во секунда.

ас

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Следна објава

Тешко повредена жена пешак во сообраќајка кај пазарот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.