Обновен подот на црквата Свети Димитриј, донација на тројца тетовчани со работа и материјали
Тројца тетовски занаетчии донираа материјали и со бесплатна работа помогнаа да се обнови подот на црквата Свети Димитриј.
Од црковниот одбор информираат дека паркетот во црквата е бил стар над 20 години и во голема мера оштетен.
Во предниот влезен дел од црквата дел (нартекс) поради големите оштетувања е изваден стариот паркет и заменет со ламинат. Во средишниот дел од црквата (брод-наос) стариот паркет е истружен по што е бојадисан. Работите биле изведувани една недела.
-После 20 години реновиран со ламинат и освежување на паркетот во внатрешниот дел од Црквата Св. Димитриј на градските гробишта во Тетово. Благодарност за несебичната хуманост до Стане Бојчевски, Лазе Златевски-Лабој и Тони Паркет Јовановски, информираат од црковниот одбор храмот Свети Димитриј.
Црквата Свети Димитриј е во рамки на православните гробишта во Тетово. Градбата почнала во 1906 година и траела се до 1912 година, а осветена е три години подоцна, во 1915 година. Преосветена е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква г.г Доситеј.
ас