Полициски службеници на СВР Тетово денеска(12 октомври) од 10 до 14 часот спровеле акциска контрола на возачите кои не им даваат предност, односно не ги пропуштаат пешаците, а во која биле откриени и санкционирани вкупно 23 прекршоци.
Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на пешачки премини, откако пешаците веќе почнале да ги преминуваат улиците. На сите возачи-прекршители им се изготвени законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност.
За оние кои се санкционирани со глоба од 250 евра ќе следува и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 22 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово со апел до возачите секогаш да им даваат предност на пешаците, а пешаците да се движат правилно и да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, со што ќе придонесат за вкупната сообраќајна безбедност на тетовско-гостиварското подрачје.