Вчера (23 октомври) од 14 до 19 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување во сообраќајот, во која вкупно биле изречени 62 мерки (ТЕ-15 и ГВ-47). Најголемиот број од мерките (ГВ-44) се однесувале на престигнување на забранети места.
На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од тоа, каде и како престигнувале тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 250 евра во денарска противвредност. На оние кои биле санкционирани со глоба од 250 евра ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат докрај внимателни како престигнуваат, односно да не престигнуваат во колона, на непрегледни места и на „полна линија“, зашто ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, пред се ако станува збор за непрегледни кривини или за престигнување на „на полна линија“ каде ризикот е најголем и поради што често пати се случуваат сообраќајни несреќи со сериозни последици