Од петок 27 октомври почнува со работа новиот проширен дел од трговскиот центар Палма Мол во Тетово, информираа денес на прес-конференцијата од менаџментот.
Сега со новите простории Палма мол ќе се простира на вкупно 77.000 м2 од кои 38.000 м2 се изнајмени квадратури за клиенти, 22.000 м2 се внатрешен паркинг простор на две подземни нивоа, додека останатиот дел од квадратурата се заеднички простории, ходници, санитрани јазли, место за одмор.
Новиот и проширен дел од Палма мол ќе биде прилика да се отворат нови 350 нови работни места. За посетителите сега Палма мол има обезбедено целосно бесплатен паркинг простор со 1100 внатрешни паркинг места и 350 надворешни паркинг места.
-Професионалноста и искуството на тимот задолжен за развој и инвестиции во Палма Мол, придонесе до тоа да новиот дел кој што се проширува во моментов да се изгради за неполни 2 години со сите фази, како нов објект. Воедно се направени и завршени реновирања на постоечкиот дел климатизацијата, вентилацијата, поставено е комплетно ново топло пријатно осветлување, реновирани се санитарните јазли, коридори, лифтови, товарнилифтови, како и сите веќе постоечки брендови ги имаат реновирани нивните дуќани согласно нивниот најмодерен концепт и поглед на шопингување. Ова е навистина рекордно време за целата градежна офанзива и офанзива за модернизација на трговскиот центар, истакна Фестим Лала.
Ова е второ проширување на Палма мол. Трговскиот центар е изграден во 2006, по што следуваше проширување во 2014 година. Во Палма Мол се позиционирани и присутни преку 150 дуќани и брендови, од кои дури 75% се интернационални светски брендови.
Палма Мол нуди широка разновидност на брендови и дуќани кои што може да се сретнат, буквално за сечиј вкус и сечија потреба, до најмодерните линии. Нуди најголема понуда за дом, нуди супер разни вкусови од различни кујни, од ресторани за брза храна, па се до ресторани а-ла карт, слаткари, пекара, кафе лаунџ барови, како и најголема површина за најмладите и тинејџерите во овој регион, цел корнер за оваа возраст, за кој што сметаме дека ќе биде уникатен дел и нешто што сите одвај чекаме да започне со работа.
-Мораме да споменеме некои од нашите соработници кои веќе се позиционирани кај нас во трговскиот центар и успешно работат со години, тоа се ДМ, Рамстор супермаркет, ЈИСК, Комодита, Мадам КОКО ЛЦ Вајкики, Парфоа, Сфаровски, Пандора, Баз, Спорт Вижн, Спорт риалити, Спорт-М, Кемофармаци, Џокс премиум, Тудорс, Сара Фешн, Пенти, Пизеро, Зухре, Шатци парфимерии, Мајтајм, Идеал Хоум, ФЛО, Пекон бејкери, Емпориум, Офис Плус, Мис Спајс. Во новиот дел за прв пат во нашиот град доаѓаат новите брендови од Ел-Пи-Пи Групација како што се Ризервед, Синси, Мохито, Кроп, Хаус, потоа Де факто, Бургер Кинг, УСта Донер, Збаро, Нептун, Хомакс, Беџети, Премиум, Опен, Ени свитс со најнов уникатен концепт, АЈКОС стор, А1 стор, Кајра Вомен, Фанзон, ворлд оф фан, Саат и Саат, Том Тејлор со најнов концепт, Каубој кенди, и воедно за идната година имаме веќе официјално најави и преддоговори за кои не смееме уште јавно да објавиме за сериозни светски брендови кои воедно за прв пат ќе се прошират кај нас ексклузивно. тоа ќе биде уште една прилика повторно да се сретнеме тука.
За најмладите и најмилите имаме специјално место кое ќе биде нивно омилено место во целиот регион, тоа е Фан зоната, еден нов концепт на забава, игри, скокање, качување, летање, лизгање, друштвено натпреварување, и тоа сето ова ќе биде на површина од над 2.200 м2, амбиент специјално дизајниран од нашите архитекти во соработка со меидцински лица, каде што воздухот ќе се обработува филтрира преку З рекуператори, место од кое децата нема да сакаат да си одат, со што и ја покажуваме нашата грижа за здравјето на најмладите во ова време на постојано присутни вирусни бактерии, истакна Прпарим Џеладини.
Од менаџментот најавуваат нови имиња во делот на фуд корнерот и угостителството.
-Ги има веќе Емпориум а-ла карт ресторант, има Собрание сошл клаб лаунџ бар со одличен амбиент, има разновидност на ресторани за брза храна како КФЦ, Бургер кинг, Уста донер, Збаро, Мерак грил, Помодоро фуд, Донер кинг, Шатци, сендвичари, Мон шери јами јогурт, а за идната година исто така можеме да најавиме, но не и да објавиме заради дискреционите договори, но ќе има уште многу познати светски брендови кои воедно доаѓаат за прв пат, информираа од раководството на трговскиот центар.
Денес за претставниците на медиумите беше организирана прес-конференција и разгледување на новиот дел и капацитетите на трговскиот центар Палма Мол.