На овогодинешниот Меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ ќе се натпреваруваат 20 екипи од тетовскиот регион поделени во четири групи.
Вчера турнирот почна со свечено отворање по што одигра првиот натпревар од групата А помеѓу екипите на Бобе Јуниор – Цоле Бајц Торнадо.
Во првата фаза се играат натпревари по бод систем, се до 9 јуни кога ќе се продолжи со натпревари со елиминации. На 16 јуни е предвидено да се играат финалето и мечот за трето место.
Победничката екипа ќе добие награда од 90 илјади денари од вкупниот награден фонд што изнесува 155 илјади денари.
Дневно ќе има по три натпревари, кои ќе почнуваат во 20:15, 21:00 и 21:45, а се играат по две полувремиња од по 15 минути.
Турнирот во мал фудбал во Јанчиште во 2011 беше возобновен по иницијатива на Бобан Симовски-Бобе.
ас
фотографија: Фејсбук страница Меморијален турнир Бобе јуниор