Соопштение на СВР Тетово 19 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (19 март) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на пешаците и нивното однесување како учесници во сообраќајот.
При контролата бил санкциониран 21 пешак (ТЕ-15 и ГВ-6), најголемиот број од нив (20) поради преминување на улиците надвор од обележани премини.
На сите пешаци-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за овој вид прекршок се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, санкционирани се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1).