Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275
Со оглед на најавениот прекин во напојување со електрична енергија во Тетово од 3 до 9 часот од Територијалната противпожарна единица информираат дека за потребите за повици до пожарникарите да се направат на бројот 076233275
Пред неколку дена беше најавено дека оради инвестиција и зафат на МЕПСО на 110кв напонско ниво на големата трафостаница 110кВ Тетово ноќта сабота – недела во период од 03:00 до 09:00 на 01.10.2023 без напојување со електрична енергија ќе остане целиот реон на КЕЦ Тетово и тоа:
Боговиње, Сиричино, Камењане, Јеловјане, Џепчиште, Палчиште, Брвеница, Седларце, Ѓермо, Гургурница, цела Општина Желино и цела Општина Тетово, Раковец, Урвич, Ратае, Челопек, Порој, Мала Речица, Сараќино, Блаце, Жилче, Шемшево, Ново село.