Денеска (8 декември) од 8 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 139 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-106 и ГВ-33).
Од нив, 3 возила(ГВ) , односно возачи пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 17 возачи (ТЕ-9 и ГВ-8) за над 50 до 70 километри на час и така натаму.
Покрај тоа, санкционирани се и 65 пречекорувања (ТЕ-35 и ГВ-30) на пропишаната брзина во населено место, од кои 1 (ТЕ) за над 50 километри на час, како и 5 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-3 и ГВ-2).
-На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност.Оние кои пречекориле за повеќе од 50 и 70 километри на час ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
![Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово](https://tetovoinfo.mk/wp-content/uploads/2023/04/2023-04-08_14-07-34-623.jpg)
СВР Тетово повторно со апел до возачите во и надвор од населено место да не возат побрзо од дозволеното и целосно да ги почитуваат постоечките знаци, правила и прописи.Ова, дотолку повеќе што во регионот веќе се чувствува зголемена сообраќајна фрекфенција, пред се на автопатот Гостивар-Тетово- Скопје, каде и најчесто се вози пребрзо.