• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Од полноќ до 5 часот утринава казни за 17 возачи-управувале возило под дејство на алкохол

20/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека полицајци од 24 до 5 часот спровеле акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 17 возачи кои управувале под дејство на алкохол (ТЕ-9 и ГВ-8).

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени нивните возачки дозволи, а изготвени им биле и соодветни поднесоци со законски предвидените парични глоби  и забрани за управување од три месеци до една година, зависно од степенот на алкохолизираност.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да бидат докрај одговорни во сообраќајот и да се воздржат од консумирање алкохол додека возат или ако веќе консумирале, да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот ја намалува способноста за нормално и безбедно управување и ја доведува во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Се апелира, исто така, да не се управува и без положен возачки испит, а возачите-почетници да се придржуваат на сите ограничувања предвидени за оваа категорија учесници во сообраќајот, порача порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

При контролата, исто така, со поднесоци биле санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-8), меѓу кои најчест прекршок бил управување без положен возачки испит и валидна дозвола (ТЕ-9 и ГВ-2).

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Општина Тетово претстави физибилити студија за модернизација на јавното осветлување со јавно-приватно партнерство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.