На 31.07.2023 во 23.03 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен И.Ј.(20) од с.Челопек, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата во Челопек од заталкан куршум. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.
-Вчера (З1 јули), полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Ј.(36), И.Ј.(34), двајцата од тетовска Палатица, И.Ф.(44) од тетовско Одри, А.С.(45) од тетовска Долна Лешница, А.У.(45), А.У.(26), двајцата од тетовско Озормиште и А.Б.(22) од Данска. Тие се сомничат дека претходно во плац на фирма во тетовска Палатица, по претходно недоразбирање и расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што бил употребен пиштол. Според пријавеното, Е.Ј. или И.Ј. испукал во водух, по што А.С. успеал да го одземе и го предал на полициските службеници. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, информира СВР Тетово