• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележан Денот на Општина Тетово 3 Март

Награди и признанија им се доделија на истакнати 50-тина поединци, клубови, организациии и правни лица во знак на благодарност за постигнатите резултати во разни области од секојдневниот живот и дадениот особен придонес за афирмацијата на градот Тетово.

03/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово денеска ја одржа свечената седница по повод 3 Март Денот на Општина Тетово. По тој повод пригодно обраќање имаше градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Потоа награди и признанија им се доделија на истакнати 50-тина поединци, клубови, организации и правни лица во знак на благодарност за постигнатите резултати во разни области од секојдневниот живот и дадениот особен придонес за афирмацијата на градот Тетово.

-На овој празничен ден дефинитивно сакам да го истакнам придонесот на сите чинители на општественото живеење кои на нашата посветеност и дадоа сила и вистинска волја за промена и развој. Ветерани во образованието, личности од различни сфери, прекрасни пожарникари, одлични успешни ученици, студенти, спортисти, луѓе од уметноста и културата се неоспорната вредност на нашиот заеднички живот, Тие се нашата гордост и инспирација и волја да чекориме по патот на напредокот, порача во свеченото обраќање градоначалникот Биљал Касами.

Во Тетово се одбележува 3 март 1992 година кога беше формиран првиот повеќепартиски совет, со што беше означен почетокот на промена на општествениот систем на локално ниво.

-Денот на општината е прослава на демократијата и суштинска отвореност кон граѓаните. Тоа е прослава што го одбележува заедничкиот граѓански ангажман и негување на демократските вредности, транспарентност, отчетност и учество на сите општествени чинители во креирањето на јавните политики на доброто на сите граѓани, порача Касами.

На одбележувањето со свои музички точки настапија и ученици од Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“.

 

Награди и признанија им се доделија на истакнати 50-тина поединци, клубови, организациии и правни лица во знак на благодарност за постигнатите резултати во разни области од секојдневниот живот и дадениот особен придонес за афирмацијата на градот Тетово.
Исо Фазлији – донатор
 
Невзат Халили – активист на националното прашање
 
Мерије Вејсели – Гинеколог
 
Ѓисвете Таири – Гинеколог
 
Ваљон Асани – Доктор
 
Риѓал Јонузи – за дадениот придонес во Градската библиотека „Кочо Рацин“
 
Генц Куриу – Математичар
 
Агим Букла – Математичар
 
Мамут Аслани – за неговиот придонес во веронауката  (Post Mortum)
 
Шкумбин Исмаили – Уметник
 
Арсим Идризи (Личност на Шара)  – Промоција на туризмот
 
Абдула Хусеини – Калишта – активист (Post Mortum)
 
Македон Владимир Димитровски – малиот гениј ООУ „Лирија“
Хаџи Бари Ганија – активист на националното и верското прашање (Post Mortum)
Јосиф Николовски – Специјалист по општа медицина
Мехметриза Муртезани – “Симбол на храброста и националниот отпор“ (Post Mortum)
Горан Јованоски – во модернизацијa на телекомуникации и дигитализација
Башким Сулејмани – новинар
 
Ø  ТППЕ – Територијална Против Пожарна единица, за спасување на животи и заштита на имотот
 
 
Ø  Култура
 
Друштво на ликовни уметници на град Тетово
 
Хајруш Исени – графичар
 
Фатлон Ибиши – скулптор
 
Зоран Бошковски – графички дизајнер
 
Гордана Георгиадис – Драмска уметност
 
 
Ø  Спорт
 
Дашмир Елези – талент на годината во  фудбал  во 2022 година  
 
Хава Мустафа – фудбалерка на годината 2022
 
Боикен Бајрами – талентот за 2022 година во кошарка
 
ЖФК „Љуботен“ – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
К.К „Шкендија“ – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
„Бокс клуб Шкендија“ – за успесите постигнати во текот на 2022 г.
 
Одбојкарска школа „Шкендија Волеј“ – за успесите постигнати во текот на годината во новите категории
 
В.К „Шкендија“ – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
К.К „Фати“ – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
А.К „Студенти“ – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
Велосипедски Клуб „Феникс Тим“ – за успесите постигнати во текот на 2022 г.
 
Василиј Закоски – за успесите постигнати во текот на 2022 година
 
Абдирезак Рустеми – за неговиот придонес во фудбалот низ годините
 
Марио Пандиловски – за успесите постигнати во ММА спортот
 
ФК „FIT KID“ – за успесите постигнати во текот на годината во младите категории
 
Андреј Стојаноски – каратист
Ø   Поранешни вработени во Општина Тетово, пензионирани во текот на 2022 година
 
Неџат Зендели
Мурсел Мурсели
Ертан Џелили
Абдула Мусаи
Томислав Петровски
Миодраг Мицевски
Амин Ислами
Бошко Николовски
 
Ø   Сектор за образование
 
Ариф Цека – ветеран на образование од ООУ „Братство Миѓени“
 
Лина Рушити – Ученичка, прво место на Општинските натпревари по географија – ООУ „Братство Миѓени“
 
Снежана Стојаноска – Психолог во пензија – ООУ „А.С. Ќиќиш”
 
Медиха Папранику – ветеран на образование од ООУ „Лирија“
 
Пајазит Ислами – ветеран на образование од ООУ „Рилиндја“-Селце
 
Фјола Шабани – ученичка, прво место во атлетика на регионални натпревари, ООУ „Ѓ.К. Скендербег“
 
Флори Илази – ученик – прво место на општински и регионални фудбалски натпревари, ООУ „Ѓ.К. Скендербег“
 
Неџибе Зибери – ветеран на образование од ООУ „Ѓ.К. Скендербег“
 
Узјан Рамадани – ветеран на образование од ООУ „Наим Фрашери“
 
Елена Панајоту – ветеран на образование од ООУ „Кирил и  Методиј“
 
Ерденеј Сали – ученик – Прво место во кларинет на натпреварот одржан во Белград и Турција – ООУ „Кирил и  Методиј“
 
Селим Велиу – ветеран на образование од ООУ „Перпарими“
 
Фланза Џелили – Ментор на проектот УП ШИФ, каде ученици од – СОУ „8 Септември“ го освоиле првото место
 
Минир Цека – ветеран на образование од СОУ „Ѓоце Стојчески“
 
Ерион Јашари – ученик, прво место на натпреварите организирани во Велес во презентација на филмот „Едукативна средба“, – ООУ „Ѓоце Стојчески“
 
Намикќемал Мустафа – ветеран на образование од СОУ „Кирил Пејчиновиќ“
 
Азби Адеми – ветеран на образование од СОУ „Кирил Пејчиновиќ“
 
Средно Медицинско Училиште „Никола Штејн“ – за организација на 28 Ноември
 
Андра Реџепи – ученичка – прво место во општинските училишта по англиски јазик, ООУ „Истикбал“
 
Михајло Марковиќ – проф.д-р. по македонски јазик
 
Андреа Ѓорѓески – проф. на македонски јазик и литература
 
Славица Дабеска Ќироска – писателка, поет
 
Рами Камбери – за дадениот придонес во литература, историографијата и култура
 
Рамадан Рушани – за дадениот придонес на подигање на колективната свест на тетовските планинските села (Post Mortum)
 
Шефки Селами – за дадениот придонес на зачувување на културното наследство
 
Проф. Др. Џеладин Мурати – за достигнувања во науката и образованието
 

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Отворена ликовната изложба „Хрватска низ времето“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.