• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележани јубилејни 20 години постоење на Македонско-хрватското друштво во Тетово

10/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово со концерт насловен „Под златното сонце“ се одржа одбележување на 20 години од основањето на Македонско-хрватското друштво во Тетово.

Во пригодните обраќања по повод јубилејната годишнина се обратија почесните гости поранешната европратеничка од Хрватска, Маријана Петир и амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, кои зборуваа за пријателството и соработката помеѓу двата народи и држави.

-Пријателството меѓу Македонија и Хрватска се согледува со конкретни дела. Тешко кој друг народ покрај Хрватите може да разбере со кои потешкоии се соочува Македонија особено последните две децении бидејќи со слични предизвици се соочивме и двете земји. Се противев и ќе се противам и понатаму на неправедните притосоци врз Македонија од различни страни бидеејќи од тие притисоци гледаме негативно влијание врз целокупното општество, посочи Маријан Петир.

-Видовме одличен настап на македонската и хрватска музика и тоа покажува колку се двете држави многу блиски во сите сегменти, па и во музиката. Освен 20 години на Македонско-хрватско друштво во Тетово, оваа година ние бележиме и 30 години од билатерални односи меѓу Македонија и Хрватска. Двете држави успеаа придонесат за квалитетна билатерална соработка во сите сектори. Денес со гордост може да кажеме дека двете држави делат долга традиција на пријателски релации и имаат одлични партнерски односи. Националните малцинства се мост кои не спојуваат, двете држави. И Владата на Северна Македонија помага на хрватската заедница, порача амбасадорката Нивес Тигањ.

Претседателот на Македонско-храватско друштво Недиљко Ромац зборуваше за работата и активностите на друштвото.

-За сите тие работи морам да се заблагордам на сите наши членови и соработници на сите кои придонесоа да нашето друштво опстои после толку години. Благодарност и за амбасадата на Хрватска во Македонија и државната канцеларија за Хрвати. Две работи морам да ги напоменам кои се однесуваат на нашата работа. Тоа е Croatia.mk прва информативна платформа на хрватски јазик каде може да се информирате за сите активности на Хрватите во Македонија. Втора платформа е Архивата на Хрватите во Македонија, прва дигитална платформа преку која се врши дигитализација и систематизација на најзначајните трудови, автори, личности и настани кои го потврдуваат постоењето и успесите на Хрватите на теторијата на македонската држава, но и свесно ја потенцираат историската соработка и врски помеѓу двата народa, посочи Ромац.

По свечената академиија одбележувањето на јубилејната годишнина продолжи со настап на триото „Нејмлес“ од Тетово, женската клапа „Фигурин“ од Загреб и КУД „Стјепан Радиќ“ од Дубровник.

Ова е прв настан од серијата манифестации посветени на јубилејот 20 години МХД во Тетово, а во периодот што претстои ќе се продолжи со свечена академија, изложби, промоции и други културно – уметнички настани.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Во Тетово се оценува квалитет на мед пристигнат од 21 земја и 260 пчелари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.