Соопштение на СВР Тетово 22 февруари 2024
Вчера 21 февруари во 22 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 20 часот и 30 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од друг малолетник, кого го познавал, а кој бил со уште две други малолетни лица. Се расчистува и документира случајот.
…..
Вчера (21 февруари), во рамките на акциска контрола спроведена од 8 до 11 часот на подрачјето на СВР Тетово, на М.А.(55) од тетовски Пирок изготвен му е поднесок по член 284-а од Кривичниот законик затоа што не ги поседувал потребните документи за вршење на јавен превоз на патници. Тој управувал возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, а бил запрен во близина на поранешна фабрика во Пирок.
….
Денеска (22 февруари) во 5 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар на контејнери на улица „120“ во Тетово, кој се проширил и го зафатил задниот дел од патничко моторно возило „фолклсваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 49-годишниот тетовец Р.Ф, а кое било паркирано во непосредна близина. Пожарот целосно е локализиран, нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Тетово. Се расчистува случајот.
……
Вчера (21 февруари) во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на регионалниот пат Тетово-Јажинце со регионалниот пат за тетовски Лешок се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ што го управувала 30-годишната Б.Х. од тетовско Орашје и „фолксваген голф“, управуван од 62-годишниот Т.С. од тетовско Нераште. Во несреќата, Б.Х. и сопатничката од истото возило Н.Х.(58) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, додека вториот возач и двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.