Вчера (21 февруари) од 7 до 11 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
При контролата биле откриени и санкционирани 5 (ГВ) технички неисправни возила, односно возачи. Три од возилата имале неисправни сопирачки, а 2 неизвршиле технички преглед. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до учесниците во јавен превоз на патници, автобуси, минибуси, комбиња или патнички-такси возила, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно на сопирачките и уредите за управување, но и на светлосната сигнализација, пневматиците и другите системи. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците што ги превезуваат, како и на другите учесници во сообраќајот.