Соопштение на ОО СДСМ Тетово.
Иако и во претходните негови ставови и делувања истиот го повикавме да ги преиспита истите и да се откаже од купување на ситни политички поени преку националистички постапки, сепак тој и понатака продолжува да игра со чуствата на помалите етнички заедници кои пак му ја доверија честа да биде градоначалник на Тетово.
Го потсетуваме дека општина Тетово не е негова своина туку им припаѓа на сите жители во неа, па така како градоначалник е обврзан да ги почитува нивните барања и во никој случај да не се дрзнува да задира и повредува чуства на граѓаните по било која основа.
Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ како негов соучесник во власта бараме јавно, јасно и гласно да излезе и да ги осуди ваквите постапки а не да се задскрива зад нивниот подмладок со транспаренти кои час ги гледаш, час ги нема.
ВМРО-ДПМНЕ должи и одговор за заклучоците од средбата која како што самите наведоа ќе ја иницирале со Касами по однос на неговите националистички испади кои ги повторува во континуитет.
Во отсуство на одгвор граѓаните имаа можност сами да се уверат каков договор постигнале партнерите во локалната власт.
Освен една тешка лакрдија што ни ја приредуваат ништо друго нема од нив.
И Касами и неговиот соучесник во власта се потрудија да остават впечаток при посетата на претседателката на Косово, Османи за тоа како НЕтреба да се раководи една општина од мултиетнички карактер.
За развој и напредок на Тетово воопшто и нема потреба да се говори. Само погледнете ги фотографиите и ќе видите дека освен што се сликаат со проекти кои ги наследиле и кои ги реализирала претходната власт, ништо друго не сработиле.
Зато јасна е нивната насушна потреба за разгорување на национална нетрпеливост и тензичност во обид да го задскријат катастрофалното управување со општината.