ООУ „Лирија“ со активности по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски
Учениците од прво до петто одделение во основното училиште „Лирија“ во Тетово го одбележаа пригодно празникот посветен на просветителот Свети Климент Охридски.
– Вчера учениците од ООУ „Лирија“ од прво до петто одделение го одбележаа денешниот празник посветен на Св. Климент Охридски со индивидуални и групни активности во своите училници. Воедно и сите заедно сите свечено во фискултурната сала со активностите оддадоа почит за ликот и делото на Свети Климент Охридски, информира помошник директорката Виолета Трајковска.