На профилот на Фејсбук на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами продолжуваат видео објави со кои се тврди дека се врши ослободување на јавните површини од узурпациите, а овој пат за таква акција на Попова Шапка. Во видеото се гледа како делови од полуизградени објекти се уриваат од градежна маеханизација, а остатоците од материјалите се товарат во камиони.
-Пред преземањето на мандатот ветивме дека ќе го ослободиме градот од узурпаторите кои ги узурпираат јавните површини, речиси во секој дел од градот. Денеска на Попова Шапка Општинскиот инспекторат ја спроведе акцијата за ослободување на јавниот простор, продолжувајќи со уривање на градби кои се без дозвола и му даваат лош изглед на овој туристички центар. Општина Тетово нема да поштеди никого. Законот ќе важи за сите. Нема да толерираме неовластени градби или узурпација на јавни површини. Градот им припаѓа на сите, не само на силните. Апелираме до сите граѓани да ги градат своите објекти според сите процедури, согласно законите и прописите, се вели во обајавата на Биљал Касами.
Пред три дена градоначалникот се пофали дека се олободуваат јавните просторите узурпирани од диви продавачи, сопственици на кафулиња и ресторани, како и нелегалноо поставени реклами. За оваа акција имаше реакции од граѓаните дека има селективност во постапувањето.
Претходно на 19 октомври на овој профил на Касами беше објавена слична информација дека Општинскиот инспекторат спроведе акција за ослободување на узурпираниот простор на улиците „Борис Кидрич“, „Комплекс Базар“, паркингот пред училиштето „Лирија“, улицата „Илинденска“ како и кај “Женски пазар“.
ас