• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово почна да нуди спогодба за штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

17/01/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово на својата интернет страница денеска објави Правилник за утврдување на висина и исплата на надоместок за штета од каснување од бездомни кучиња како спогодбен начин на обешетување без да се оди на суд.  Поставено е и барањето кое треба да се пополни од граѓаните за да се добие спогодба за штетата.

Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветната Комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

-Комисијата е составен од претсетадател од редовите на вработените во општинската администрација и четири члена. По еден вработен во Општина Тетово и ЈКП Тетово и двајца лекари- лекар таруматолог и лиценциран лекар од областа на психијатријата. Надлежности на Комисијата се- ги разгледува барањата за надоместок на штета и дава предлози за надоместок на штета, стои во правилникот.

Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што што материјалната и нематеријлната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување  (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претерпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-награденост и б-нарушување на психичката состојба од претерпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари.  До барателот се доставува сподгодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Димитар Спасески (36г.) го фати осветениот крст на денешното одбележување на Водокрст во црквата Света Богородица во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!