• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Желино ги доби средствата од државниот буџет за асфалтирање на патот до Луковица, но не се знае дали ќе бидат доволни за целата делница

05/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во просториите на Општина Желино министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Блерим Сејдиу разговараа за реализација на проектот за асфалтитирање на пат до селото Луковица, за што локалната самоуправа доби средства од државниот буџет во висина од 15 милиони евра.

Двајцата информираа дека средствата се префрлени на наменска сметка на општина и дека во текот на 2023 ќе има тендерска постапка за изведувач, со оглед дека веќе постои проектна документација која жителите самите ја обезбедија.

-Ќе се направи ревизија на пресметката бидејќи цените на градежните материјали осцилираа во текот на минатата година.Ќе се направи нова пресметка и ќе се распише тендерска постапка. Одговорот на тоа колку од тој пат ќе се реализира дали целиот, јас верувам поголем дел од делницата ќе биде реализирана ќе го дознаеме тоа до крајот на тендерска постапка кога и градежните фирми ќе ги дадат своите понуди. Секкао најповолниот ќе биде избран за да го реализира овој пат, изјави Благој Бочварски.

Градоначалникот Сејдиу изрази уверување дека ќе се најде начин да се реализира целата делница од речиси шест километри.

-Целта наша е да го реализираме целиот пат. Мислам дека е добар почеток, пошто досега не беше ништо реализирано. Ако почне верувам и убеден сум дека ќе го завршиме.  Мислам дека пролеттва треба да се почне со изведба. Тој локален пат е поскап поради тоа што е шест километри и нема да може да да го реализираме целиот проект, но сме благодарни на министерот и пратеничка што овие средства ни беа префрлени затоа што со овие средства за прв пат ќе се гради локален пат кој досега не бил асфалтиран, изјави Блерим Сејдуиу.

Двајцата разговараа и за реализација на петте проекти за асфалтирање на други патишта за кои општината доби средствата преку Министерството од Светска банка.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

И во 2023 година ќе се чека на избор на консултантска куќа за надзор на градбата на автопатот Тетово-Гостивар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.