Општина Тетово ги повикува граѓаните на средба со градоначалникот и општинските функционери со цел да се најде решение за проблемите со комуналните сметки. Средбата е во петок, 5 април од 10 часот во салата на Советот на Општина Тетово.
„Ве известуваме дека градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, следната средба со граѓаните ќе ја има во петок (05.04.2024 година), во 10:00 часот во просториите на Салата на Советот на општината. Сите граѓани кои наишле на проблеми со фактурите за отпад и вода се добредојдени да поразговараат со првиот човек на општината, директорите на одговорните претпријатија, за да разберат повеќе за настанатата состојба и решавање на проблемот, се вели во повикот на Општина Тетово.
Подолу се линкови за повеќе вести објавени во врска со комуналните сметки.