• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина Волковија

29/08/2023
во Вести
фотографија ТВ Ал Џезира

default

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба.

Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и велат дека имаат проблеми поради чадот и смрдеата.

– Непријатната миризба и чадот не се кИако дента на пожарот, но сè уште се чувствува и е тешкотија за дишење, велат мештаните.

Дека продолжува да чади од изгорениот смет сведочат и денешните фотографии и видеоснимки направени од воздух со употреба на дрон од страна на меѓународната телевизиска мрежа Ал Џезира.

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека сите овие изминати денови по потреба интервенирале кај запалениот смет.

– Таму продолжува закопувањето на сметот во земја, а по потреба одиме и ние да интервенираме. Сме праќале по еден камион-цистерна за да направи некоја интервенција, информира Авни Амети од ТППЕ Тетово.

Пожарот избувна на ноќта помеѓу 21 и 22 август. Државниот инспекторат за животна средина на крајот на минатата недела донесе решение со кое се изрекува парична казна за фирмата ДТУ „Еко Ливинг“ ДООЕЛ Чегране за пожарот што се случи на таа локација.

Фирмата доби платни налози за правното (9000 €) и физичкото лице (500 €), а со решение е задолжена комуналниот отпад од локацијата што се запали во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино.

-Треба комплетно да се изгаси, а потоа во рок од 90 дена треба да се однесе сметот во Русино. ДИЖС ќе прави контролни надзори, информираше директорот Сретен Стојковски.

Државниот инспекторат изрече забрана на фирмата да носи комунален отпад на истата локација.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Шумски пожари во тетовските рурални општини Теарце и Боговиње

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!