Видео содржини кои се направени као интервјуа, промоција и презентација за книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“ (документи и анализи) од тетовскиот историчар и публицист Бранислав Светозаревиќ-Покорни може да се погледнат на новоотворениот Јутјуб канал на авторот.
https://www.youtube.com/@user-ds9jv6zv6i/featured
Во моментов има поставено емисии кои се снимени за содржината на книгата на ТВ Алфа, а во иднина ќе може да се погледнат и други видео содржини.
Книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“ (документи и анализи) претставува научен труд со комбинација на извори и анализи, создадена врз база на над 1000 документи и сведоштва од 32 постоечки и непостоечки држави, со документи од светските архиви што претставува неизбришлива трага за македонското постоење.
Книгата во Тетово беше промовирана во март 2022 година.