Соопштение на СВР Тетово 29 мај 2024
На 28.05.2024 година во 23.20 часот од Клиничка болница Тетово во СВР Тетово пријавиле дека од куќа во тетовска Мала Речица е донесено починато петмесечно бебе без траги на насилство. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чии насоки починатото дете е предадено за погреб.
На 28.05.2024 во 16.30 часот во СВР Тетово, 26 – годишна девојка од тетовско село пријавила дека нејзиното поранешно момче З.Д.(25) од Тетово агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.05.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово, директорка на тетовско основно училиште пријавила дека во нејзината канцеларија била физички нападната од Ж.А. од Тетово, мајка на ученичка во училиштето, која претходно вознемирувала и наставничка на нејзината ќерка. Според пријавеното, во текот на претходната и на оваа и учебна година, Ж.А. доаѓала во училиштето и вознемирувала ученици, а ја терала нејзината ќерка да ги снима учениците и наставниците со мобилен телефон и потоа снимките ги објавувала на социјални мрежи. Како што е пријавено, за случувањата во училиштето од претходно е известен и Центарот за социјални работи Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.05.2024 во 16.30 часот на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.А.(19), Б.Е.(19) и М.М(19), сите од тетовско Синичане, затоа штo кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.